Незгода на концерт: Страшен пад кој можеше да заврши лошо

Пејачката Селена Гомез имаше незгода на нејзиниот концерт што викендов го одржа во Вирџинија во рамки на турнејата Stars Dance.

21-годишната Селена толку се внесе во напстапот на песната „Slow Down“ што заборави дека пред неа има скала. Скокајќи падна, но за среќа заврши на колена.

Повторно застана на нозе и го продолжи настапот како ништо да не било.

Американската пејачка имаше среќа затоа што можеше да заврши со скршен нос.

- Реклама -