Најчести нездрави навики на жените

Жената обично е претставник во семејството кој е задолжен за контролата на здравиот начин на живеење на сите членови од тоа семејство, но често и жените знаат да направат големи грешки…

Брза диета

Фустанот кој претходно го носела, а кој сега не ѝ стои добро затоа што има плус некое кило на себе, е добар изговор за жените да се подложат на брзи диети. Брзите диети даваат резултат, но сметката за тоа најчесто ја плаќа целото тело, најмногу имунитетот и крвната слика.

Градник

Честото носење на градник, особено додека спиете е многу штетно за вашето здравје. Жените носат разни градници за градите да им изгледаат поголеми, пообликувани или поцврсти, но тоа често е голем ризик за здравјето. Спиењето со градник ги притиска градите, ја намалува циркулацијата, а со тоа создрава услови за рак на дојката.

Прочитајте и:  Шест фактори на ризик за преддијабетес

Тешки обетки

Тешките обетки изгледаат добро за вечерните излегувања, но тие се истовремено многу штетни за ушната школка, особено ако се спие со нив.

Штикли

Високите потпетици ја зголемуваат самодовербата кај жената, но им штети на стапалата и ‘рбетот. Цената на високите потпетици често е искривено стапало и тешки хронични болки во стапалата.

Долна облека

Долната облека е особено важна кога се работи за женското здравје. Синтетичката долна облека нема можност да ги апсорбира телесните течности и создава поволно поле за инфекции и непријатни мириси. Затоа, секогаш користете памучна долна облека.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -