Според предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празници на Република Македонија (како и промена на името на законот со новото име на државата), заедниците кои во Преамбулата на Уставот таксативно се набројуваат како „други“, наскоро ќе добијат десет свои неработни празници во државава. Со усвојување на предложените измени, ќе се укине дискриминацијата во Законот за припадниците на овие заедници, пренесува „Плусинфо“.
Според предлогот, неработни ќе бидат:
- 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.
- 15 март, национален ден Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.
- 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.
- 24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.
- 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.
- 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.
- 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.
- 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.
- 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.
- 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.