Независната театарска продукција: Интересна и провокативна – Вечер… 1963

— Иако јануари е предизвикувачки месец за театрите, сум задоволен од интересот за претставите во независната продукција. Публиката е присутна, а целта да се презентираат е исполнета. Досега, во рамките на Деновите на независната продукција, кои се одржуваат од 2023 година, одиграни се околу 30 претстави. Ова се млади актери и режисери, кои се во потрага по своето место во светот, а ние сме тука за да ги поддржиме — вели директорот на Драмски театар – Скопје, Роберт Вељановски. На сцената на Драмски театар неодамна се одржаа претставите „СамоТи(И)Ја“ на „Театроск“ од Скопје, „Delirium tremens“ на „Театарска работилница“ од Прилеп, „Кротка“ во продукција на „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци, а утре (17 јануари) следува „Сина сенка“ на „Златен Елец“ од Скопје.

 

Независната театарска продукција повторно покажа дека е интересна и провокативна, со своја верна публика. Претставите „СамоТи(И)Ја“, „Delirium tremens“, „Кротка“ и „Сина сенка“ се дел од Деновите на независната продукција, што се одржуваат на сцената „Ристо Стефановски“ и на малата сцена во Драмски театар во Скопје од 14 јануари. Според Вељановски, соработката со независната продукција започнала во 2023 година и била истакната како успешна иницијатива.

— Иако јануари е тежок месец за театрите, сум задоволен од интересот за независната продукција. Иако салите не се преполни, сепак публика има, и целта да се презентираат тие е исполнета. Утре очекуваме особено голем интерес за „Златен Елец“, познат театар со бројни награди — истакнува Вељановски.

Овие четири претстави добија финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, и се пријавени согласно јавниот повик распишан од Драмски театар.

— Деновите на независната продукција до скоро се одржуваа една недела во годината, но сега ги проширивме на две недели — една недела во септември и една на почетокот на календарската година. Досега, во овие Денови, се одржани околу 30 претстави. Обично се работи за проектите кои немаат услови за презентација, и добредојдени се пред пошироката публика. Затоа Драмски театар ги отвори своите врати. Овде се млади актери и режисери, кои се во потрага по своето место во современите театрални текови во Македонија — додава Вељановски.

Тој, исто така, најави продолжување на оваа иницијатива и во иднина, со нов јавен повик за Денови на независната продукција, кои ќе се одржат во септември. Доколку има повеќе пријави, можно е да се размисли и за селекција, но за сега учествуваат сите претстави кои не се постари од две години.

По вечерната претстава „Кротка“, инспирирана од истоимениот роман на Фјодор М. Достоевски, следува „Сина сенка“, авторот Брајан Рејнолдс, во продукција на „Златен Елец“. Режисерка е Тамара Стојаноска, а во претставата се користи оригинална музика на Мајкл Хукер, додека изборот на музика и аранжмани е на Лука Тошев. Плакатот и рекламниот материјал се дело на Бојана Цилевска, сценографијата и костимите се на Тамара Стојаноска, а специфичните реквизити ги изработи Благој Илиев. Фотографија е на Јордан Звездоски. Во претставата учествуваат: Кристијан Танчевски, Мина Јелушиќ-Јериниќ, Бобан Алексоски, Сара Спиркоска, Ане Блажовски, Ема Лазарова, Кристијан Петковски и Стефан Арсиќ.

— „Сина сенка“ длабоко навлегува во реалноста на денешното општество, времето во кое живееме, системот кој не опкружува и начинот на кој тој создава насилство. Претставата се занимава со прашања за тоа како медиумите нè оптоваруваат со лажни вредности, како фармацевтската индустрија и големите бизниси ги искористуваат нашите стравови за поголем профит и како поединецот станува жртва, но и продукт на една болна општествена структура. Ова е современа приказна за човекот во системот — жртва и соучесник, борец и сенка. Но вистинската борба не е само против системот, туку и против стравот во нас самите. Претставата нè води на место каде што започнува секое насилство — во човечката свест, во нејзината сенка — вели режисерската експликација за претставата. (Д. Т.)