„Почитувана г-ѓа Mикаела Швајзер-Блум, ВД Амбасадор на САД, ја користиме оваа прилика Вам, на почитуваниот претседател г. Доналд Трамп, на вработените во Американската амбасада во Скопје и сите Американци да им го честитаме 4 Јули, Денот на независноста во САД, денот кога во 1776 година Конгресот ја донел Декларацијата за независност“, пишува во честитката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Вие безброј пати покажавте искрена заложба за напредок на нашата држава, поддршка за напредокот на македонското општество, поддршка за Република С Македонија во остварување на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ.
Осумката од НГ од ВМРО ДПМНЕ ја вреднува вашата помош за сите значајни процеси кои значат подобро утре за нашите граѓани и во наше име искрено ви благодариме за стратешкото партнерство кое е од неизмерно значење за демократијата, напредокот и развојот на нашето општество“.
Освен честитки од срце, пратеничката група изрази и желба за продлабочување на меѓусебното пријателство, а воедно им посака и мир, благосостојба и развој на САД.