Иако напишала само едно дело, Емили Бронте останува во историјата засекогаш како жената која успева да ја расплаче секоја генерација. Безвременското, ремек-дело „Орканските височини” е меѓу најголемите романи не само во англиската, туку и во светската литература.
Да се потсетиме на некои од најпознатите исконски цитати од оваа навистина вечна книга.
„Од што и да се направени душите, мојата и неговата се исти”.
„Гордите луѓе ја чуваат тагата во себе”.
„Човекот кој не завршил половина од својата работа до 10 часа, ризикува да ја остави другата половина незапочната” .
„Паметниот наоѓа доволно добро друштво и кај себе”.
„Доброто срце ќе го направи твоето лице насмеано, пријателе, а лошото ќе го направи и насмеаното лице повеќе од грдо”.
„Ужасот ме направи жестока”.
„Ако можев, секогаш би работела во тишина и опскурност, а нека моите напори бидат судени според резултатите, кои ги имам постигнато “.
„Ќе одам таму, во насока во која што ме води мојата природа”.
„Тиранинот ги гази робовите и тие не се креваат против него, туку ги газат оние кои стојат под нив. ”