Незаборавни мисли на Иво Андриќ

Минатата седмица ја одбележа роденденот на Иво Андриќ. Роден на 9 октомври 1892 година, Андриќ пораснал во семејството на хрватски католици во близина на Травник.

Тој е првиот добитник на Нобеловата награда за литература на Балканот. Награден е за “Мостот на Дрина” во 1961 година, пред Толкин, Лоренс Дурел и Роберт Фрост.

„Писателот и неговото дело не служат никому, ако на еден или друг начин не му служат на човекот и на човештвото. Тоа е најважно”, рече Андриќ при добивањето на престижниот трофеј.

Целата сума од Нобеловата награда Андриќ ја донира на библиотекарскиот фонд на Босна и Херцеговина. Умира во 1975 година.

ivo

Еве дел од неговите најостроумни мисли од неговите книги:

1. “Не се плашам од луѓето, туку од нечовечкото во нив.”

2. “Она што нè повредува, не е живот. Она што нè одминува, не е среќа.”

3. “Земјите на големи откритија се и земјиште на голема неправда.”

4. “Кај нас, луѓето убиваат со изреки на најбрз и неправеден начин.”

5. “Има три работи кои не можат да се скријат – велеа османлиите, – а тоа се љубовта, кашлицата и сиромаштијата.” – “Мостот на Дрина”

57114216

6. “Желбата е како ветрот. Таа го носи правот од едно место на друго, понекогаш го затемнува со него целиот простор, но најпосле се смирува и паѓа, оставајќи го стариот и вечен изглед на светот зад себе.” – “Мостот на Дрина”

7. “Секоја човечка генерација има своја илузија и однос кон цивилизацијата; едни веруваат дека учествуваат во нејзиното растење, а други дека се сведоци на нејзиното гасење. Всушност таа секогаш и тлее, и бледнее, според тоа од кое место и под каков агол гледаме. ” – “Мостот на Дрина”

8. “… Човекот често мисли дека го слуша она од кое што се плаши или на кое што се надева …” – “Мостот на Дрина”

9. “На крајот на краиштата и најдобриот писател може да ги разбуди кај читателот само оние впечатоци кои самиот читател веќе ги носи во себе без да ги сфатил дотогаш, да ги открива пред читателот само оние хоризонти кои читателот е способен да ги забележи. ” – “Мостови”

10. “Во врнежливите попладниња … јас често ја напуштам тажната соба и по стрмните улици, по светкавата крупна калдрма слегувам долу во убавиот дел од градот. Одидов до книжарницата и долго стоев пред излогот нејзин кој што го познавав толку добро што ја забележував секоја, дури и најмала промена и и’ се радував како на нешто лично мое. Одев и се враќав по неколку пати на ден, додека се се спушти есенската вечер, излогот светна и неговиот одраз падна врз влажниот асфалт. Тогаш морав да го напуштам сето ова и да се вратам горе во маалото кај својот вистински живот … “

vintage books and a cup of coffee

11. “И така – секој ден. Стотици пати ги читав непознатите имиња на писателите и насловите на нивните книги. Бидејќи немаше кој да ме информира и упати, јас самиот си го измислував значењето и важноста на овие наслови …” – “Мостови”

12. “Од сè што човекот во стремежот кон животот крева и гради, најдоброто и највредното во моите претстави се мостовите. Тие се позначајни од куќите и храмовите, бидејќи се подостапни. Им припаѓаат на сите и кон секој се исти – корисни, секогаш осмислено изградени, таму каде што се крстосуваат најмногу човечките потреби, тие се потрајни од другите градби и не служат за ништо што е тајно и зло. “

13. „Сите мостови се всушност исти и подеднакво го заслужуваат нашето внимание, бидејќи го покажуваат местото на кое човек сретнал пречка и не застанал пред неа, туку ја надминал и ја поминал според своите сфаќања, својот вкус и условите што ги имал. ” – “Мостови”

14. “Чудно е колку малку ни е потребно за да бидеме среќни, и уште почудно е колку често токму тоа малку ни недостасува!”

15. “Најболно за човекот е кога ќе почне да чувствува симпатии кон самиот себе.”

- Реклама -