Nexus 5 доаѓа на крајот од годината

Најдоброто секогаш се чува за на крај па така и овој пат Google ќе го лансира новиот Nexus смартфон кон крајот на годината. Како партнер за изработка повторно е избран LG кој се најде во центарот на вниманието со лансирањето на фантастичниот LG Optimus G2.

Претходно имаше мала шпекулација дека Google се предомислил и задачата за новиот Nexus и ја доверил на Motorola, но ние уште пред неколку месеци од ексклузивни извори дознавме дека LG е во директни преговори за продолжување на соработката, пред се поради успехот на Nexus 4.

nexus5_v2

Новиот Nexus би требало да има 5.2 инчен екран со Full HD резолуција од 1080 x 1920, потоа четири-јадрен процесор Qualcomm Snapdragon 600, 2 GB RAM и меморија од 16 и 32 GB. Ќе има и моќна камера од 13 мегапиксели како и издржлива батерија со капацитет од 3000 mah.

nexus-5-3

Цената на Nexus 5 и понатаму ќе се одржува многу ниско што значи дека смартфонот купен од Google Play Store ќе чини само 230 долари што е фантастично за уред од премиум класата.

Nexus-5-Concept

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -