131
Рускиот невролог и остеопат Алексеј Маматов открива кои се трите главни знаци кои укажуваат дека не пиете доволно вода.
Чувството на постојан глад може да значи недостаток на вода во организмот, доколку јадете нормална количина на храна. Ако знаете дека сте јаделе доволно и сè уште имате желба за храна, напијте се чаша вода – ова треба да го избегне чувството на „лажен глад“.
Главоболката може да биде уште еден симптом на недостаток на вода во телото.
Најважниот индикатор дека не пиете доволно течност е темно жолта урина. Ако забележите дека наеднаш ви потемнела урината, зголемете ја количината на чиста вода (значи не се рачуна водата што ја внесувате преку пијалоци како чај, кафе и сл.) што ја пиете на 1,5 до 2 литри дневно!
Маматов се осврнува и на газираната вода, велејќи дека со овој напиток потешко се гаси жедта, особено на топло време. Во исто време, тој не препорачува консумирање повеќе од 200 милилитри минерална газирана вода одеднаш. Советува дека таа не треба да се пие ладна, туку кога е на собна температура.