Невремето донесе хаос во Скопје – спроведени десетици интервенции, 15 повредени и огромна материјална штета.

Денес поопладне, Скопје беше зафатено од силно невреме комбинирано со пороен дожд, ветрови и град, што резултираше со повреди на најмалку 15 лица и значителни материјални оштетувања. Според податоците од здравствените институции, девет од повредените пристигнале на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести и интензивна нега. Службите за итна помош примиле илјадници повици поради хаосот што се случи во градот.