Официјално е потврдено дека ќе има и четврт дел од шпионскиот серијал „Мисија: Невозможна“, повторно со Том Круз во главната улога.
Официјално е потврдено дека ќе има и четврт дел од шпионскиот серијал „Мисија: Невозможна“, повторно со Том Круз во главната улога.
Официјалната изјава гласи дека во четвртиот дел, наводно и последниот, Том Круз ќе ја репризира својата улога како агентот Итан Хант. Повторно ќе го видиме и Винг Рејмс како експертот за технологија, Меги Кју, Џонатан Рајс Маерс и Сајмон Пег (сите имаа улога и во третиот дел).
Новите членови на екипата ќе бидат Џереми Рајнер, кој имаше главна улога во оскаровецот „The Hurt Locker“ , додека пак за женскиот дел од екипата се шпекулира помеѓу Пола Патон од „Deja Vu“ и (преубавата) Кристин Крук, која најдобро ја паметиме од серијата „Smallvile“. Но, најверојатно улогата ќе ја добие Пола.
Сè уште не е потврдено, но ова може да биде сосема нов „Мисија: Невозможна“ филм – акцентот во филмот да не е на Итан Хант, туку на ликот на Џереми Рајнер, кој би требало да ја продолжи „традицијата“. А како да го направат тоа? Па, со нов наслов. Имено, насловот на четвртиот дел ќе нема да пишува „Мисија: Невозможна“, туку нешто сосема друго, исто како во случајот на „Dark Knight“ – во насловот го немаше зборот „Batman“.
Сè уште нема информации за заплетот на филмот, но се вели дека одново ќе се измисли шпионскиот жанр – со идеи какви што досега немаме видено. Со оглед на успехот на претходните филмови, не би се сомневале во тоа. Четвртиот дел ќе се снима во Ванкувер, Прага, Дубаи и некои делови на САД.
На режисерското столче ќе биде Бред Бирд, режисерот на „The Incredibles“, на кому ова е му е прв акционен проект. Но, мислењето на овој автор е дека Џон Ву бил бил подобар во таа улога – тој и Том Круз беа одличен тим во вториот дел на „Мисија: Невозможна“. Тука е и Џ.Џ. Абрамс (креаторот на феноменот „LOST“), кој беше режисер на третиот дел – овојпат во улога на продуцент.
Тоа што четвртиот дел го прави толку очекуван е екипата. Имено, овојпат агентот Итан Хант ќе има и машки и женски помошници – како и што треба да биде. Во првиот филм екипата на Итан беше убиена, па наредните два дела тој најчесто беше соло агент, со помош на Винг Рејмс, кој во овој филм ќе има многу поголема улога. Сега, повторно ќе имаме чест да гледаме шпионска екипа – како во старите сериски филмови.
Старите „Мисија: Невозможна“ филмови почнаа да се емитуваат во 1966 па се до 1973, со Питер Грејвс во главната улога (освен во првата сезона). Заштитен знак на серијата беше главниот агент, Џим Фелпс, каде добиваше инструкции на касета која се самоуништува. Заплетот во сериите беше Impossible Missions Force (IMF) тимот, мал тим на тајни агенти кои се впуштаат во опасни операции. По успехот на серијата, во 90-тите почнаа да се снимаат и филмовите кои ние ги знаеме.
Премиерата на најновата мисија ќе биде на 16 декември 2011.