Турската ѕвезда и сопруг на пејачката Емина Јаховиќ пред неколку дена сними спот за неговата нова песна во која се појавуваат и убави белградски девојки.
Како што дознаваат српските медиуми, од организаторите се барало дискретност, точност, професионализам.
– Кога виде какви девојки одбравме за спотот, тој полуде. Иако бевме убедени дека ќе му се допаднат бидејќи се убави, тој имаше поинакви барања- рекол извор на местото на настанот.
– Тој сакаше девојки без силикони во усните, градите… без надоградби на нокти или косата, природен тен, без шмина… па така ние во еден часот по полноќ побаравме помош од една модна агенција која ни испрати 12 девојки по вкусот на Мустафа. Снимањето траеше до седум часот наутро, но тој веднаш по завршувањето ги плати сите луѓе кои работеа- рекол еден од организаторите.
Мустафа Сандал во текот на вчерашниот ден се врати во Турција, каде го чекаат Емина и нивните синови. Спотот сега е испратен на монтажа, а според плановите на турската ѕвезда, неговата премиера ќе биде за две недели.