Постојат чудни и непознати светови насекаде околу нас во зачудувачка форми и текстури кои ние не можеме да ги видиме со голо око. Во тој контекст погледнете неколку снимки направени од современи микроскопи.
Личи на кошница на некој вид инсекти, обвиткана околу гранките на растение. Всушност се работи за капки крв фатени о на газа.
Претпоставувате дека тоа е цвет? Не сте ни близу. Ова е стиропор.
Црвените крвни зрнца, или еритроцити, се најчестите крвни клетки во нашето тело.
Ова е слика на зрачење. Убава, но смртоносна.
Не се плашете. Ова не е чудовиште, туку дел од една мала гасеница – главата и двете нејзини предни нозе.
Тоа е зголемена слика на произведени кристали од калциум сулфат.
Никогаш нема да познаете што покажува оваа прекрасна слика. Тоа е дел од изолациска пена.
Ова сигурно е нешто што би очекувале да го видите во уметничка галерија. Скапо апстрактно парче уметност можеби? Не, се работи само за микроскопски наномолекули.
На прв поглед ова изгледа како некакво суштество кое живее на дното на океанот, роднина на морските краставици. Е, тоа навистина е растение, но не живее под вода, а е од родот на маргаритките.
Овој убав син и црвен диск претставува микроскопски едноклеточни алги.
Најчудните структури се феритни нанокластери.
Ова би можело да биде школка – но како што веројатно сте сфатиле, ништо не е она што мислиме дека е под микроскоп. Тоа е скаменет едноклеточен организам од Барбадос.
Делови од корените на кактус. Тие се способни да се развиваат исклучително брзо кога имаат влага.