Невидливиот човек

Повеќе... Кинескиот уметник Liu Bolin го користи само само своето тело и малку боја за да стане невидлив. На Liu му успева да исчезне на улиците, во обични простории, но и во друштво на други луѓе.


Кинескиот уметник Liu Bolin го користи само само своето тело и малку
боја за да стане невидлив. На Liu му успева да исчезне на улиците, во
обични простории, но и во друштво на други луѓе.

article-1201398-05cc9b37000005dc-768_634x490.jpg

Кога Bolin ги изведува своите перформански на градските улици, минувачите често не се ни свесни дека тој е таму, се додека не се помрдне.

article-1201398-05cc9b3f000005dc-144_634x445.jpg

„Сакав да покажам како градското опкружување делува врз луѓето. Инспирацијата ја наоѓам во чувството на  неприпаѓање во модерното општество.“ – вели Bolin.

article-1201398-05cc9bb8000005dc-47_634x474.jpg

За само една фотографија од серијалот „Скриен во градот“ потребни се повеќе часови, бидејќи Bolin мора мирно да стои додека цртежот се нанесува на неговата облека и тело.

article-1201398-05cc9b16000005dc-105_634x404.jpg

Уметникот своите перформанси ги нарекува „тивок протест против околината, модерното општество и кинеската власт која не е особено благонаклона кон слободните уметници.“

camouflage-art.jpg

„За мене, пораката е токму во тоа што не се гледа на сликата.“ – вели тој.

article-1201398-05cc9c39000005dc-37_634x437.jpg

- Реклама -