Уметник со импресивен боди арт прави нејзините модели да исчезнат во околината на градот.
Улиците на Њујорт се студиото на Трајн Мери, а голото тело е нејзиното платно. Мери своите голи модели ги слика на начин совршено да се вклопат во пејсажот на Њујорк и со неговите обележја како Empire State Building, Brooklyn Bridge, Central park…
Уметничката форма, пресликана на фотографија, е резултат на макотрпен процес во кој моделите со часови стојат, но и либералните закони на Њукорк, каде што не е никаков проблем жена во топлес која стои сред прометна улица.
Мери вели дека идејата за серијата дошла кога на почетокот на годината се преселила во Њујорк од Сан Франциско.
„Сакав градот да го вклучам во своето дело, да го разберам но и да истакнам нешто“, рекла таа за AP. „Така, наместо личност да стои пред Empire State Building или Statue of Liberty, таа се губи во позадината и така добивате инспиративен поглед на личноста и пејсажот“.
Минатата недела, 33-годишниот уметник поставила модел да стои пред прометната улица во Бруклин за да се вклопи во Менхетен мостот во позадина.
Но градот како студио има и свои негативни страни. Мери морала внимателно да ја следи временската прогноза за избегнат дожд. Исто така, морала да се справи со постојаното сметање на пешаците или таксистите кои стоеле и гледале, фотофрафирале и поставувале прашања- на нивните лица се одразувало мешавина на шок, заинтересираност и разиграност.
„Тоа е вистинскиот Њујорк. Ништо повеќе не не изненадува“, рекла една од нив.