Treehotel се наоѓа во Шведска.Хотелот е лоциран меѓу природата во Харадс, на околу 50 километри од градот Лулеа. Тука собите се сместени на дрво, на висина 4-6 метри над земјата.
Една од најатрактивните од нив е „невидливата”, која е целосно огледало од надвор, а зафаќа површина од 4 од 4 метри. Собата располага со тераса на покривот. Цената за ноќевање е 150 долари на вечер за еден човек и 600 долари за двајца.
Во огледалните ѕидови има инфраред сигнал кој можат да го видат само птиците, за да не згрешат. Другите две соби се „Гнездо” и “Летечката чинија”. Летечката чинија е со површина од 30 метри квадратни и ќе ве врати во детството. Гнездото зафаќа површина од 17 метри квадратни и наликува токму на гнездо. Хотелот располага и со сауна.
„Летачката чинија“
„Птичјо гнездо“