Некои луѓе, за да го истакнат својот социјален статус, имаат потреба да ги направат и најобичните, секојдневни предмети екстравагантни и претерано скапи. Ова се некои од најдобрите примери за лудилото на пребогатите.
Некои луѓе, за да го истакнат својот социјален статус, имаат потреба да ги направат и најобичните, секојдневни предмети екстравагантни и претерано скапи. Ова се некои од најдобрите примери за лудилото на пребогатите.
Отворач за шишиња – 194 долари
Овој јапонски отворач за шишиња нема некои премногу скапи компоненти. Високата цена се должи на „револуционерната технологија“, која според произведувачот ќе ви заштеди пари така што значително ќе го скуси времето потребно за отворање за цели 4 секунди по шише. Потоа ќе ви остане само маката да одлучите на што ќе ги потрошите тие 4 секунди.
Стенли Кјубрик метро – 250 долари
Ова е алат кој е потребен во секоја работилница. Но, само затоа што нечие име се наоѓа на налепницата, неговата цена треба да бдие толку висока? Одлучете сами. Сепак, Кјубрик беше одличен столар?!
Луи Витон карти за играње – 105 долари
Овие карти се за оние на кои им здодеало да прават линии кокаин со обични карти, како сиромашните.
Тото Неорест тоалет – 3776 долари
За оваа цена, добивате тоалет кој автоматски се отвара, се затвора и пушта вода. Можеби затоа богатите парови не се караат за капакот на шолјата. И кој вели после дека со пари не се купувало среќа?!
Роланд Итен копче за ремен – 25 илјади долари
Ова копче за ремен не е толку скапо само затоа што е направено од чисто злато, туку и затоа што во него е вграден прецизен механизам за чија изработка се трошат по 9 до 10 месеци.
Луксузни куршуми – 3000 долари
Ако сите куршуми чинеа по 3 илјади долари, можеби немаше да има толку насилство со огнено оружје. Овие куршуми се направени од платина, дијаманти и аметист.
Штека за билијард „Застрашувачот“ – 150 илјади долари
Во изработката на најзастрашувачката штека за билијард некогаш направена се потрошени точно 1800 работни часа за лиење и гравирање на нерѓосувачкиот челик.
Компјутерско глувче – 26730 долари
Нема ли долгото држење на дланката врз 59 мали дијаманти да ви создаде незгодна болка? Ова не само што е најскапото, туку е и најбескорисното глувче некогаш изработено.
Позлатен Playstation 3 – 323 илјади долари
Овој модел бил изработен уште кога овие конзоли чинеа 600 долари. Разликата во цена што се доби со позлатувањето со 22 каратно злато и вметнувањето 58 дијаманти е речиси незначителна. А ако го купите, сите ќе знаат колку сте кул!
Зонтик Рубикова коцка – 115 долари
Овој модел не е за брзо местење. Веројатно не е практичен за местење воопшто. Оваа Рубикова коцка служи за во канцеларијата да им покажете на колегите дека можете да си дозволите скапи играчки.
Омас пенкало, ограничено издание „Слетување на Месечината“ – 49 илјади долари
На врвот од пенкалото има глобус и 3Д отпечаток од стапалката на Нил Армстронг на Месечината (или нечија стапалка, зашто тешко е за верување дека отишле да направат калап на Месечината). Убаво пенкало, но во речиси сите планетариуми, пластичните верзии се продаваат за десетина долари.
Столче од чисто злато – 1,3 милиони долари
Ова столче тежи 50 килограми и е направено од чисто злато. Затоа, нека не ве изненадува цената.
Вратоврска од свила, злато и дијаманти – 220 илјади долари
Оваа ужасна розова вратоврска чини 220 илјади долари. Прашањето е дали некој би ја облекол дури и да му ја подарат?
Тенџере од злато и дијаманти – 155 илјади долари
Кој не би сакал да готви во тенџере со златни рачки и 200 дијаманти? Сигурно и чистењето ќе биде многу лесно.
Најскапите бикини на светот – 30 милиони долари
Едноставно – добро потрошени пари…