Спа центарот „Blue Lagoon“ во Исланд е сместен во прекрасната, и некогаш екстремна средина на полињата со лава во Гриндавик, на полуостровот Рејкјанес. Тој е одалечен на само 40 минути од главниот град, и претставува најпопуларното место на островот, кое е исполнето со неверојатни пејзажи и природни богатства. Меѓу сите нив, релаксирачки природните бањи се најстара и се уште најпримамлива атракција.
Температурата на водата достигнува и до 37-39°C. Богата е со силициум, сулфур и други минерали, па има позитивни ефекти врз здравјето и кожата. Вештачката лагуна на секои 2 дена се дополнува со геотермална вода, која е извлечена од подземните топли извори.
Меѓу останатото спа центарот им овозможува на посетителите разни услуги: масажи, третмани, преработени производи итн. Тие воедно можат да уживаат во ресторанот или барот кога и да посакаат да направат пауза од топлите бањи.