После неколку децении истражување, научниците открија дека е возможно да постои огромна површина со вода, три пати поголема од постоечките океани, заробени стотици километри под површината на земјата.
Ова откритите потенцијално го менува разбирањето за тоа како е формирана планетата.
Водата е „заробена“ во минерал наречен рингвудит на околу 660 километри длабочина.
Геофизичарот Стив Јакобсен од еминентен амерички универзитет, коавтор на студиите објавени во магазинот „Наука“, вели дека ова откритие сугерира дека водата на Земјата можеби доаѓа одвнатре, доведена на површина геолошки активности, а не на ударите на ледени комети кои влијаеле на формирањето на планетата, како што се мислело порано.
„Геолошките процеси на Земјината површина како што се земјотреси или ерупции на вулкан, се експресии на она што се случува внатре во самата Земја, далеку од нашите видици. Мислам дека конечно имаме докази за целиот воден циклус на Земјата кои можат да ја објаснат огромната количина на вода на површината на нашата планета. Научниците трагале за оваа изгубена вода со децении“- рекол Јакобсен.
Јакобсен и неговите колеги се први на прагот да дадат директни докази дека е можно постоење на вода. Тие своите пронаоѓања ги засноваат на истражувањето на огромен подземен регион ширум САД.