Малдивите се група острови познати како „рај на Земјата“. Но, плажата на еден од нив, Ваду (Vaadhoo), крие дополнителни изненадувања, особено ноќе.
Најромантичната плажа на планетата се крие токму таму, а се должи на тоа што водата е како огледало, во кое можете да ги видите ѕвездите во полн сјај. Но вусшност, се работи за фитопланктони – морски биолуминисцентни микроорганизми кои емитуваат светлина со син сјај. Со други зборови, тие го креираат најромантичното природно осветлување на светот.
Еден корисник на Flickr се погрижи да не доближи до феноменот. На фотографиите, целата плажа е прекриена со фитопланктони, кои се највидливи кога брановите удираат по песокот, но и кога газите по нив.