Неверојатните скулптури на Ron Mueck

resizedsculpRon Mueck е уметник од Лондон-реалист на фотографии. Роден е во Мелбурн, Автралија од родители кои правеле играчки а тој 15 години работел на детски емисии пред да почне да работи на специјални ефекти на филмови како Лавиринт, филм од 1986 во кој игра David Bowie.


Рон Мјуек е уметник од Лондон-реалист на фотографии. Роден е во Мелбурн, Автралија од родители кои правеле играчки а тој 15 години работел на детски емисии пред да почне да работи на специјални ефекти на филмови како Лавиринт, филм од 1986 во кој игра David Bowie.

a197_mueck1

Потоа Mueck почнал своја компанија во Лондон за правење кукли кои требало да бидат фотографирани за реклами. Сеуште чува некои од куклите во неговиот дом од кои повеќето биле направени само да бидат сликани од одреден агол-на пример само еден дел од лицето со многу вишок материјал надвор од камерата.

Добро е што [[Ron_Mueck]] забележал дека фотографијата доста го уништува физичкиот изглед на оригиналниот предмет па се префрлил на фината уметност и скултурите. Во раните 90ти години додека сеуште работел во маркетингот, Mueck бил решен да направи нешто навистина реалистично но се прашувал со кој материјал да го направи тоа.  Вообичаен бил латексот ама нему му требало нешто поцврсто и попрецизно. Смола од плексиглас било најдоброто решение.

Вниманието на деталите и фината техничка брилијантност на неговите фигури е неверојатна, но она што ќе ви го одземе здивот е обемот на скулптурите.

Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари
a197_mueck3

Неговата уметност стана позната низ целиот свет кога скултура од мртвото голо тело на неговиот татко предизвика шок на изложбата Royal Academy's Sensation во 1997.

Неговите дела се скоро живи, но и многу поголеми од вистинската големина. Неговото огромно дело Crouching Boy големо 4.5 метри беше главна атракција на  Millennium Dome во Лондон во 2001. Делата на овој уметник стануваат се поинтересни и варираат во нивната големина-од помали од оригиналната големина па се до доста поголеми од оригиналната, но никогаш во вистинската големина.

a197_mueck2
- Реклама -