Неверојатни уметнички дела создадени од деца до 15-годишна возраст

Безразлика колкав е талентот, често се потребни години пракса, пред да успее да се создаде вистинско уметничко дело и тоа е непобитен факт. Некои луѓе, сепак имаат мала предност. Земете ги за пример децата подолу. Уште како мали тие откриваат дека ги исполнува цртањето и дека умеат да го прават тоа доста добро. Охрабрени од родителите, тие работат на своите вештини и создаваат феноменални дела.

Децата се со различно потекло, а во моментот кога ги создале овие слики не биле постари од 15-годишна возраст. Како што можете да видите и самите, стилот им се разликува радикално. Сепак, тие се меѓународно признаени за талентот кој го поседуваат. Уверете се зошто е тоа така.

Хамза Марбела, слика без наслов

Во 2001 година, кога имал едвај 8 години, Хамза создава светли и радосни слики, полни со бои. Неговото име со огромна брзина се прочуло низ културното општеството на Филипините, каде што живеел во тоа време. Не знаеме со што се занимава во моментов. Можеме само да се надеваме дека продолжува да твори.

Отем де Форест. Gold Skull.Blue


Отем де Форест ја создава оваа слика инспириран од Џорџија О’Киф кога е едвај на 10 години. Денес тој има 13 и продолжува да слика користејќи мрсни бои. Пројавува интерес и кон енкаустиката – редок и специфичен вид на сценска техника. Главниот пластификатор на боите кај неа е восокот, поради што често техниката е нарекувана и „восочно сликарство”.

Џош Тијсен


Џош ја создава оваа слика со акрилни бои, на 13 годишна возраст. Почнува да твори уште од неговата 10-та година. Пројавува интерес кон животните и природните пејзажи. Денес има 19 години. Неговите спокојни и реалистични слики се одликуваат со неверојатни технички детали.

Акиане Крамарик – Љубов


Иако не е одгледана во религиозно семејство, Акиане почнува да црта слики со христијански фокус уште од мала. На пример, оваа е создадена кога имала 13 години и се одликува со неверојатно внимание насочено кон деталите. Со текот на времето Акиане почнува да истражува и  други религии и да експериментира повеќе.

Александра Нечита – Заедно


Оваа слика, која Александра ја создава на 12-годишна возраст во 1997 година, и го даде прекарот „Малата Пикасо”. Со годините нејзините слики, инспирирани од кубизмот продолжуваат да еволуираат. Денес Александра има 29 години. Родена е во Романија, но нејзината слава достигнува и до САД. Таа дури учествувала во една од епизодите на Boy Meets World како гостин-ѕвезда.

Марла Олмстед -Водопад

Можеби мислите дека секое 4-годишно детенце може да наслика такво нешто. Сликите на Марла сепак покажуваат одлична контрола и чувство за композиција, што не е карактеристично за повеќето деца. Во моментов Марла сака да се занимава со апстрактни дела.

Хоао Каравалхо – Без наслов


Овој 15-годишен младич покажува сериозен талент. Видете ја само оваа прекрасна оптичка илузија.

- Реклама -