Ако икањето трае со денови, можеби е знак на болести на бубрезите, јајниците или воспаление на белите дробови, но најчесто е само последица на студен пијалок што сте го испиле со оброкот.
Пребрзо јадење, пиење топли течности, зачинета храна, неочекувани изненадувања, нагла промена на температурата се само некои од можните причини за икање.
Икањето е последица на неконтролирано гчење на дијафрагмата, слој на мускулите што ја одвојува градната шуплина од стомакот, а освен наведените причини, тоа може да бидат уште и пушење или студен пијалок со јадење. Безопасно е ако трае помалку од еден час, но ако се повторува со денови или недели, би можело да биде симптом на воспаление на белите дробови, болести на бубрезите, јајниците, гастритис… Во тој случај најдобро е да се советувате со лекар.
А за да го спречите икањето што трае неколку минути, внимавајте да јадете и пиете побавно, но постојат и бројни трикови со кои за кратко време може да го запрете. Меѓу највообичаените е тоа лесно да ја наведнете главата наназад, да го држите здивот, да броите до 10 и да издишите. Може и да ги затнете ушите на 20-30 секунди или да го притиснете со прсти мекото подрачје зад ушната ресичка.
А кога никој не ве гледа, може да го исплазите јазикот. Овој метод овозможува полесен проток на воздух, а воедно го запира икањето.
Други корисни методи за запирање на икањето:
1. Покријте ги устата и носот со раце и продолжете да дишете нормално неколку секунди.
2. Со палецот на едната рака притиснете ја дланката на другата рака – што посилно, тоа подобро. Може да го притиснете и врвот на левиот палец со десниот показалец и да држите 30 секунди. Благата болка ќе го одвлече вниманието од икањето.
3. Земете девет или десет брзи, непрекинати голтки вода. Уште поефикасно ќе биде ако ги затнете ушите, а водата ја пиете преку сламка. А наместо да ги затнете ушите, може да притиснете местото каде што се спојуваат линијата на челото и вратот зад ушите.
4. Ефикасен „лек“ против икањето е и шмукање коцки мраз. Може и да растопите коцка шеќер во устата. Ако ви е преблаго, истото направете го со парче ѓумбир или кришка лимон.
5. Упорното икање ќе го запре и мал страв. Било какво одвлекување на вниманието, односно менување на циклусот на дишење помага да престанете со икање.