Неверојатни микро скулптури издлабени во молив

Унгарскиот уметник и „deviantART“ корисник, Cerkahegyzo, длаби сложени минијатурни скулптури во графитот на моливот. Уметникот вели дека тоа за него претставува хоби и начин на релаксација за и дека ги длаби во неговото слободно време. Во текот на денот тој работи како професионален изработувач на алатки.

Cerkahegyzo вели дека започнал со ваквите изработки одкако ги видел делата на уметникот Далтон Гети кој исто така го користел графитот во моливот како основен материјал за неговите дела.

подолу ви прикажуваме мала збирка од неверојатните дела на овој уметник.

- Реклама -