Блесок на молња, нејзините жестоки ластари кои се спојуваат во дел од секунда, е едно од најчистите дестилации на страшната моќ на мајката природа.
Па не е ни чудо што древните култури од Грција до Западна Африка, Блискиот Исток и долината на Инд ги идентификувале овие жестоки громиви со повеќето нивни богови.
Дури и во нашата ера на научната сигурност, кога ќе блесне молња на небото, нејзината величенствена моќ и придружен тресок е доволно силен да предизвика страв дури и кај најхрабрите. Токму таа страшна величенственост го поттикнала австралискиот фотограф Крег Еклес да патува над 300 милји во исчекување на голема бура- само за да ја фати со својата камера.
„Сум видел молњи кои се шират милји над небото“, вели професорот по фотографија од Перт, Западна Австралија. Сепак, тој додава: „За мене, не е се околу громот- понекогаш сте во потполна темница и во дел од секунда, се чини светло како ден.
„Секоја бура е спектакал сама по себе и никогаш не можеш да претпоставиш каде ќе погоди. За мене тоа е возбуда. Го обожавам тоа и никогаш не ми е доволно. Да се фати моментот на молњата и да се сподели тоа е неверојатно“, вели тој.
Погледнете ја неговата неверојатна колекција: