Освен што ја негува косата, очигледно шампонот може да направи чуда и во домаќинството.
Доколку ви остане малку шампон или имате некој кој не го користите немојте да го фрлите или подарете го на некому кој би го искоритил на сосема поинаков начин.
1. Доколку имате проблеми со затворање на патентот, нанесете малку шампон на него, па неколку пати затворете го и отворете и вашиот проблем ќе биде решен засекогаш.
2. Слично постапете доколку сакате безболно да отстраните фластер. Нанесете капка шампон на делот кој е залепен за кожата, почекајте некое време да се намокри, па лесно отсранете го фластерот.
3. Вратете ги бојата и сјајот на кожните кондури. Нанесете неколку капки шампон на чиста памучна крпа, па исчистете ги.
4. За рачно перење на чувствителната облека наместо скапите детергенти во водата накапете неколку капки од шампонот за коса.
5. Истото важи и за флеките на облеката. Нанесете на дамката малку шампон и оставете така да отстои неколку мибути па облеката исперете ја вообичаено.
6. Употребете го шампонот наместо пена или крема за бричење. Нанесете го на кожата и избричете се. Шампонот има свиленкаста структура поради која бричот лесно поминува брз кожата.