Неверојатна недела на Монт Еверест

Неверојатна недела на Монт ЕверестВо последните неколку години, експедициите за освојување на Монт Еверест зачестија. Сè повеќе луѓе сакаат да застанат на врвот од светот, но голем дел од нив сакаат да соборуваат и рекорди. Во изминатата недела се случија неколку неверојатни подвизи на највисокиот врв на планетата.

За првпат во историјата на планинарењето, експедиција успеа да освои два врва повисоки од 8 илјади метри, во 24 часа. Овој подвиг им тргна од рака на Герет Медисон, Том Холидај и Мајкл Хорст, коишто по искачувањето на Монт Еверест (8848 метри) се искачиле и на Лоце (8516 метри), четвртиот највисок врв на светот, преку Јужниот превој што ги спојува. Се работи за подвиг што се граничи со невозможното, затоа што во игра се голем број фактори. За среќа, сите коцки се наместиле совршено и тројцата планинари веќе патуваат кон своите домови.

Бакта Кумар Раи, религиски водач од Непал, го собори рекордот за време поминато на врвот на светот, за повеќе од 10 часа. Основачот на сектата Небески пат поминал 32 часа на 8800 метри надморска височина (самиот врв има премногу мала површина, а премногу планинари што го посетуваат во овој период), од кои 27 часа во медитација. Непалецот користел кислород само 11 часа.

Шерпасите Бабу Сунувар и Лакпа Тершинг го испишаа својот дел од историјата со тоа што целосно го скокнаа симнувањето од Монт Еверест (што можеби е поопасно од качувањето). Двајцата Шерпаси на врвот составиле параглајдер и со него летале 42 минути и безбедно слетале во селото Намче Базар.

Вреди да се спомнат и Крис Девенпорт и Нил Бидлмен, коишто решиле времето што се троши на аклиматизација, да го поминат во скијање. Вишокот енергија пред качувањето овие двајца планинари го искористиле скијајќи на погорните падини од левата страна, додека останатите планинари што се качувале и симнувале за аклиматизација зачудено гледале и им давале поддршка. [Record-setting performances highlight a bizarre week on Mt. Everest]

- Реклама -