Фотографија што на друштвените мрежи се шири уште од 2014-та, ако не и порано, деновиве повторно им го фати окото на дел од порталите и корисниците. До толку е добра.
Се работи за ретка глетка во која истовремено можат да се видат Дојранското езеро, реката Вардар и Егејското море (горе лево). Предуслов за ваква фотографија, секако, се идеални временски услови.