Неверојатна фотографија од 195 милијарди пиксели, можете да зумирате регистрации и лица

Камерите на смартфоните веќе се доволно добри за да немаме причина да продолжиме да инвестираме во нив. Но истовремено, технологијата на камери продолжува да се развива до степен што е светлосни години пред таа на камерите за широка потрошувачка. Оваа тазе панорама од Шангај е одличен пример за тоа.

Се работи за фотографија на кинеската компанија Jingkun Technology, или како што самите се преведуваат „Big Pixel“, снимена од кулата Oriental Pearl Tower од висина од 230 метри.

Фотографијата има неверојатни 195 ГИГАпиксели. За споредба, камерите на смартфоните обично се движат околу 12 мегапиксели, помалку или повеќе, а сепак сте сосема задоволни од нивниот квалитет, нели? Да бидеме попрецизни, 1 мегапиксел содржи 1 милион пиксели. 1 гигапиксел содржи 1 милијарда пиксели. Оваа од Шангај е 195 гигапиксели, што значи 195 милијарди пиксели. Шокантно, во вистинска смисла на зборот, нели?

Резолуцијата е толку голема, што можете да зумирате регистрации, лица, балкони и пружени алишта… Панорамата е направена од многу поединечни фотографии, а обработката траела 2 месеци.

Еве уште еден пример, покрај тој погоре:

Со оглед дека технички е невозможно било кој портал да ја објави панорамата во целосната големина, ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ВО ПОЛН ЕФЕКТ ТУКА.

Еве уште неколку примери, посликовито:

Фасцинантно, но истовремено и доста страшно, нели? Со ваков напредок на технологијата на камери, прашање е само кога (а не дали) ќе биде искористена за масовно надгледување на граѓаните и кога ќе го достигне степенот за една ваква фотографија да не мора да биде процесирана во месеци, туку можеби во часови или минути. Тешко е да се процени одговорот временски, но лесно е описно – поскоро отколку што посакуваме.

Дотогаш, од Big Pixel ветуваат уште панорами со ултра-голема резолуција.

За крај, чисто информативно: Оваа од Шангај е најголемата слика во Азија, но трета најголема во светот. За фотографијата со најголема резолуција на светот во некоја скора следна прилика.

- Реклама -