Ова не е обична шкртаница туку огромно ремек дело создадено со скромен механички молив од страна на уметник кој дефинитивно има трпение. Џо Фентон работел по десет часа дневно, седум дена неделно во последните десет месеци за да ги создаде ситните детали во неговиот цртеж. Британецот кој живее во Бруклин Њујорк го нацртал овој комплициран цртеж, соодветно именуван „Самотија“ со 0,5 механички молив на парче хартија долго 5 и широко 2,5 метри.