Ако некој непосакуван мирис го преплави вашиот дом, било да е тоа некоја непријатна арома или наследство од манџата што сте ја готвеле вчера, нема потреба да купувате скапи освежувачи или да проветрувате со часови (и да го оладите домот).
Можеби ви е познато дека оставањето на отворен сад со оцет може да помогне, но сега ќе зборуваме за најефикасната варијанта на истиот. Имено, сипете еден филџан бел оцет во тенџере и ставете го да се вари на тивко. „Крчкањето“ ослободува максимум моќ во борбата против мирисот во воздухот, а ако го оставите да се вари малку подолго, оцетот ќе го деодоризира целиот дом. Можеби на почетокот малку и ќе ви замириса на оцет, ама за многу кратко време ќе се изгуби и неговиот, но и било кој друг мирис што претходно одбивал да си замине.
Како работи? Оцетот е 90% вода и околу 5-10% оцетна киселина. Киселината во оцетот е силна доволно за да влијае и да ги сузбие органските молекули во воздухот (од кои и доаѓа несаканиот мирис), а од друга страна доволно слаба за да не може да му наштети на човековиот организам.