Неуредниот кревет го чува вашето здравје

krevetСега имате добар изговор зошто не би го местеле креветот кога наутро ќе станете од него, затоа што нaучниците тврдат дека тоа е добро за вашето здравје.


356785384_837c70f95aСега имате добар изговор зошто не би го местеле креветот кога наутро ќе станете од него, затоа што нaучниците тврдат дека тоа е добро за вашето здравје.

Истражувачите сугерираат дека иако ненаместениот кревет можеби изгледа неуредно, тој не е привлечен ни за куќните грини – мали, невидливи со голо око инсекти кои предизвикуваат астма и алергии. Имено, просечниот кревет може да биде дом на 1.5 милиони куќни грини. Овие микроскопски инсекти кои се помали од еден милиметар и се хранат со човечка кожа предизвикуваат алергии бидејќи е лесно да ги вдишете додека спиете.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Студијата направена на Кингстон Универзитетот откри дека овие инсекти не можат да преживеат во топли, суви услови какви што се тие во ненаместениот кревет. Во студијата се откри дека иако топлата, влажна околина на зафатениот кревет е идеална за овие сушетства, многу потешко е да преживеат кога вие ќе го напуштите креветот. „Понекогаш нешто толку едноставно како оставањето на креветот ненаместен во текот на денот може да ја отстрани влажноста од чаршавите и постелнината, па грините да дехидрираат и на крајот да умрат.“- велат научниците, давајќи го најдобриот можен аргумент зошто би го оставиле креветот ненаместен кога наутро ќе станете од него. [Untidy beds may keep us healthy]

- Реклама -