Нетанјаху му рекол на Бајден дека е решен да ги постигне сите цели на војната против Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден изјавил дека неговата земја е решена да ги „постигне сите цели на војната“ во Газа, вклучително и „уништувањето на палестинското движење Хамас“, соопшти неговиот кабинет.

– Разговаравме за најновите случувања во војната, вклучително и заложбата на Израел за постигнување на сите цели на војната – елиминирање на Хамас, ослободување на сите наши заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел. Разговаравме и за обезбедување на потребната хуманитарна помош за цивилното население, рече Нетанјаху.

Белата куќа претходно денеска соопшти дека Бајден и Нетанјаху имале телефонски разговор, прв по повеќе од еден месец, за развојот на ситуацијата во Појасот Газа, особено во Рафа.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Американскиот претседател го поддржува Израел по нападот на палестинското движење Хамас на 7 октомври, но сега сè повеќе се дистанцира од Нетанјаху.

Тој неодамна оцени дека израелскиот премиер „повеќе ѝ прави штета отколку добро“ на својата земја со тоа што води војна во Газа, каде бројот на жртви продолжува да расте, а катастрофалната хуманитарна ситуација продолжува да се влошува.

- Реклама -