Нетанјаху ги отфрли условите на Хамас за ослободување на заложниците: Ако се согласиме, следниот 7 октомври ќе биде само прашање на време

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешното видео обраќање рече дека „категорично“ ги отфрла условите на палестинскиот Хамас за ослободување на заложниците, откако тие објавија извештај за нападот на 7 октомври.

„Категорично ги отфрлам условите на Хамас“ кои бараат „крај на војната, повлекување на нашите сили од Газа“ и „ослободување на сите убијци и силувачи“, рече Нетанјаху.

„Ако се согласиме на ова, нашите војници паднаа залудно. Ако се согласиме со ова, не можеме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани. Следниот 7 октомври ќе биде само прашање на време. Не сум подготвен за таков фатален удар врз безбедноста на Израел и затоа не можам да се согласам со такво нешто“, рече Нетанјаху.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -