Несвесни грешки што ги правиме при одење во ве-це

Фразата „уште не знае ни задникот да си го избрише“, е доказ дека одењето во тоалет е најосновната вештина што некој може да ја поседува. А толку често го правиме, што човек да помисли, ќе си рече: „ако нешто знам во животот, тоа е да одам во тоалет“. Е па не. Постојат многу нешта кои додека сте „во резиденција“ можат да тргнат на лошо, а возраста и „искуството“ не се гаранција дека ќе ги избегнете.

Ова се најчестите:
 

1. Предолго седите на ве-це шолјата

Две бонус минути за да го проверите фејсбукот не се проблем. Ама ако се заседите доволно долго за да ви вкочанат нозете, ризикувате хемороиди (за тие што не знаат – болни, потечени вени во анусот, кои крварат). „Ако ве мачи запек, подобро станете, прошетајте, па вратете се“, вели гастроентерологот Аниш Шет. „Шетањето може да ги стимулира цревата за да ги поместат стварите надоле, а може да ви помогне и да се опуштите и да не морате да напнувате пресилно“.
 

2. Претерано бришење

Помалку е повеќе. Не, не затоа што ќе потрошите помалку хартија. „Претераното бришење може да ја иритира перианалната кожа и да предизвика мали абразии, кои потоа можат да доведат до воспаление и чешање“, вели Шет. „Ако се избришете еднаш или два-пати, тоа е сосем доволно. Ако и тогаш не успеете се да избришете, можеби не сте се олесниле до крај или ве мачи запек. Ако и натаму ви треба повеќе хартија, размислете за тоа да преминете на детски влажни марамици или влажна тоалетна хартија“.

544282585b87a[1]
Ако седите предолго, може да се заглавите. Тоа е грешка.

3. Сушалки за раце

Исто така познати и како „распрскувачи на бактерии“. Најновите истражувања покажуваат дека новите, силни сушалки за раце шират 27 пати повеќе микроби од хартиената ролна и 5 пати повеќе бактерии од старите, топли сушалки за раце. Бактериите остануваат во воздухот дури и 15 минути по користењето, па кога сте во јавно ве-це, хартијата е подобар избор.
 

4. Се бришете во погрешна насока

„Секогаш бришете се од напред кон назад. Бришењето во обратен правез може да ги донесе бактериите од ректумот до мочниот канал и да ги зголеми шансите за уринарни инфекции“, вели гинекологот Алиса Двек. Со оглед дека уринарниот канал е мошне краток кај жените, бактериите можат лесно да отпатуваат до мочниот меур и за неполн час да предизвикаат силно воспаление.
 

5. Пречисти сте

Само затоа што постојат производи од кои вашите интимни делови можат да мирисаат на цвеќе, не значи дека треба да ги користите. „Вагината не треба да биде претерано чиста и изрибана со сапуни, средства, спрејови и влажни марамици, бидејќи сите тие можат да ја пореметат pH рамнотежата и да предизвикаат чешање, иритација и осип“, вели Двек. Таа препорачува перење со благ сапун во текот на туширањето, а единствен алат кој би требало да го користите е фенот, во случај да сакате да ја исушите вагината од претераната влага. „Ако сте склони кон инфекции и иритации, лесно и со студен воздух просушете го меѓуножјето по бањање“, објаснува таа.

- Реклама -