Изборот на бројот на деца зависи од договорот меѓу родителите. Но, секогаш ќе се најде некој да праша и да коментира за таа туѓа одлука…
Мнозина се решаваат да имаат две или повеќе деца, но некои родители сакаат да ја насочат целата своја љубов и внимание на едно дете.Токму вториве најмногу се соочуваат со прашања од оние непотребно љубопитни луѓе. Писателата Ејми Клајн, авторка на книгата „The Trying Game: Get Through Fertility Treatment and Get Pregnant Without Losing Your Mind“ (Игра на обидите: Минете го третманот за плодност и забременете без да го изгубите умот), што ја прави своевиден стручњак за семејство, за „Хафпост“ (HuffPost) открива три реченици кои никој не треба да им ги каже на родителите на едно дете.
„Зарем не сакате да има брат или сестра?“
Ова е едно од најчестите прашања што го слушаат родителите на единци. Клајн истакнува дека треба да се имаат неколку нешта на ум пред да се постави такво прашање, посочувајќи пример од својот живот.
– Не знаете низ што минале родителите за да имаат дете. Мене и на мојот сопруг ни требаа четири години, десет лекари, девет обиди за вештачко оплодување и четири спонтани абортуси за конечно да имаме „само“ едно дете, раскажа авторката.
Исто така, треба да се земат предвид финансиските можности, плодноста или, просто – правото на личен избор.
Не е ли осамен /-а?
Иако секое семејство има посебна приказна околу својата среќа и несреќи, писателката со примерот на ќерка сѝ објаснува дека детето-единец, не мора „по дифолт“ да биде осамено. Клајн појаснува:
– На ќерка ѝ се допаѓа да биде единствено дете и често ми го кажува ова. Ме сака мене, нејзиниот татко и кучето… Иако не сум сигурен „по кој редослед“… Се дружи со синот на сестра ми, кој е на иста возраст, еднаш неделата и на одмор. „Можам да се видам со братучед ми кога сакам, а потоа да си одам дома“, ми вели таа.
„Кој ќе се грижи за тебе кога ќе остариш?“
Некои луѓе не можат а да не размислуваат што ќе им се случи во староста, нагласуваќи дека е неправедно грижата за родителите во нивната „златна доба“ – да „му падне“ само на тоа едно дете.
– Иако ова е добро размислување, имањето повеќе деца не гарантира дека сите тие ќе го делат товарот на грижата за своите родители, истакнува Клајн.