Несоницата го зголемува ризикот од срцев удар

несоницаИстражувачки откриле дека луѓето кои страдаат од несоница имаат зголемен ризик од срцев удар. Неодамнешна студија покажала дека луѓето кои имаат потешкотии во заспивање имале до 45 проценти зголемен ризик од срцеви проблеми од оние кои добиваат доволно спиење.

„Проблемите во спиењето се чести и можат лесно да бидат отстранети“ изјавил главниот истражувач, доктор Ларс Ерик Лаугсанд од Норвешкиот Универзитет за Наука и Технологија во Трондхајм. „Важно е луѓето да бидат свесни за оваа врска помеѓу несоницата и срцевиот удар и да зборуваат со нивниот доктор ако ги забележат симптомите.“ Студијата, објавена во Circulation: Journal of the American Heart Association, го анализирала срцевиот ризик поврзан со три големи симптоми на несоница споредени со луѓето кои ретко или никогаш ги немале овие проблеми.

Авторите откриле дека луѓето кои имале проблеми со заспивање речиси секој ден во последниот месец имале 45 проценти повисок ризик од срцев удар. Луѓето кои постојано се буделе речиси секоја ноќ во последниот месец имале 30 проценти повисок ризик од срцев удар. И конечно, луѓето кои не се разбудиле одморени наутро повеќе од еднаш во неделата имале 27 проценти повисок ризик од срцев удар. Ризикот од срцев удар исто така се зголемува со секој дополнителен симптом на несоница.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Студијата била извршена врз 52.610 возрасни норвежани кои одговарале прашања за несоница како дел од национална здравствена анкета одржана од 1995 до 1997 година. Истражувачите ги анализирале болничките досиеја и норвешкиот Регистар на Причина за Смрт за да идентификуваат 2368 луѓе кои претрпеле срцев удар во наредните 11 години. Истражувачите анализирале фактори како возраст, пол, брачен статус, ниво на образование, крвен притисок, холестерол, дијабетес, тежина, вежбање и работа. Тие во предвид ги зеле и депресијата и возбуденоста, две причини кои водат кон несоница.
Според истражувачите до 33 проценти од луѓето во населението искусуваат минимум еден симптом на несоница. Претходни помали студии ја поврзале несоницата со срцеви проблеми, вклучувајќи висок притисок и срцеви удари. Не е јасно зошто несоницата е поврзана со зголемен ризик од срцев удар. Некои научници предложуваат дека проблемите со спиењето влијаат на ризичните фактори за срцев удар како висок крвен притисок и воспаление. [Insomnia: Struggling to sleep increases heart attack risk by up to 45%]

- Реклама -