Екранот кој се превиткува и троши многу помалку енергија од стандардните модели, наскоро ќе започне масовно да се произведува. Иако е скоро во целост направен од пластика и изгледа како хартиена верзија на компјутерски екран, овој изум ќе овозможи екраните да бидат лесно преносливи и да трошат помалку енергија од досегашните, а евентуалните пратечки иновации на оваа технологија би биле електронска хартија и електронскиот потпис.

Прототипот на овој флексибилен екран кој е скоро нескршлив е производ на компанијата Hewlett Packard и истражувачкиот тим на Центарот за флексибилни дисплеи (FCD) од Универзитетот на Аризона.
За изградба на овој свиткувачки екран потребно е 90% помалку материјал во однос на стандардниет екрани и затоа овие екрани наскоро ќе се вградуваат во уредите како лаптопи, PDA уредите и мобилните телефони. Масовното поризводство на овој екран може да предизвика масовно производство на ноутбук компјутери, смартфони и други електрични направи по многу пониски цени со оглед на тоа дека екранот е една од најскапите компоненти.
Овој изум е направен со користење на "самоизрамнувачка" штампарска литографска технологија (SAIL), развиена во лабораторијата на HP. Ова е технологија кога образецот со информација се отштампува на подлогата на тој начин што е пропратено со совршено израмнување без оглед од процесот кој го предизвикал искривувањето.
– Екранот кој го направивме е еколошки безбеден и поседува лесен пристап за изработка – изјавил Carl Taussig, директор на лабораторијата. [HP flexible, unbreakable TFT display]