Нешто невообичаено ќе се случува во Градски парк во Скопје

Ако досега мислевте дека на македонската метропола ѝ недостасува нешто што ќе ја раздвижи младината, тоа повеќе не е така.За 10 дена ве очекува единствениот неверојатен спој на забавното со корисното. За првпат, тинејџерите на едно место ќе можат да се забавуваат, да се дружат, да споделат љубов, а притоа и да се информираат за нивните образовни можности по завршувањето на средното училиште. Местото за ова е Градски парк во Скопје. Таа сабота, дневната рутина не треба да ви биде иста: наместо да пиете кафе со пријателите во некое од скопските кафулиња или дома, грабнете го првото парче облека, свртете на вашите најблиски и заедно дојдете да уживате во неверојатна забава на Школка.

„Тинејџерите ќе ги очекува неверојатна забава. Велам неверојатна, зашто за првпат забавата ќе биде комбинирана со едукација, ќе се споделат бројни интересни факти за образованието, матурите, забавата, музиката, љубовта… За 10 дена, Градски парк ќе стане генератор на уникатни содржини, наменети за сите млади или за оние кои се чувствуваат така“, истакнува Боро Мирчески, менаџер за организација на настани од „Кликер“.

За забавата ќе се погрижат неколку диџеи и ексклузивците на продукција „Горила“, а организаторите најавуваат многу повеќе попусти, подароци, изненадувања, различен вид музика, танц, позитивна енергија… Штом така, средношколци, се гледаме на Школка на 27-ми април, точно напладне… Дотогаш, следете нè на „Фејсбук“!

- Реклама -