“Нешто ќе те питам бабо”: Двајца прилепчани ја изведоа како никогаш досега (ВИДЕО)

На 14-ти јули се одбележаа 112 години од најепохалната битка после Илинденското востание, битката на планинскиот врв Ножот, кој се наоѓа во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Повеќе патриотски здруженија во организација на Македонското патриотско здружение “Патриот” од Прилеп, како и група граѓани беа присутни на Ножот каде им оддадоа почит на паднатите херои.

Прилепскиот оперски пејач Стефан Неданоски на Ножот отпеа неколку песни, а најновата снимка која излезе е од изведбата на “Нешто ќе те питам бабо”.

Стефан песната ја испеа во придружба на гитаристот и професор Илија Чакароски.

- Реклама -