Нешта на кои треба да внимавате на Лефкада

Дури и најубавите места на светот со себе носат одредени опасности. За да ја елиминирате секоја можност нешто да ви го расипе совршениот летен одмор на Лефкада, прочитајте на што треба да внимавате додека сте таму.

Разбеснето море

lefkada-vnimanie

Обично водата околу јонскиот остров е прилично мирна. Но, понекогаш се случува морето да се разбесни, непосредно пред да започне некоја силна бура. Тогаш треба да преземете основни мерки на претпазливост, поточно да излезете од морето, бидејќи постои опасност да бидете повлечени од огромните бранови. Исто така, дури и во сончевите и мирни денови, подводните струи се силни, а брановите високи на плажите Агиос Јоанис и Василики. Тоа се одлични вести за сурферите, но сите останати треба да внимаваат. Ова особено важи доколку имате деца.

Состојбата на патиштата

K

Во добар дел од островот патиштата не се во одлична состојба. Дел од нив биле оштетени во земјотресот во 2004 година и не се поправени. Дополнителен проблем е фактот што не секаде постојат патокази, па доколку немате мапа при рака, ќе треба да погодувате каде одите. На моменти ќе бидете заглавени во сообраќаен метеж, но за среќа, тоа обично не трае долго време.

Доколку кампирате…

020-LK0103

Ако сте едни од поавантуристички расположените посетители на островот и се решите да преспиете во природа, треба особено да внимавате при изборот на локација. Ова предупредување важи посебно за тие што се упатуваат кон западниот брег, кој во најголема мера е карпест. Лефкада е земјотресно подрачје и дури и при најмали потреси знае да дојде до одрони на карпи. Но, што се однесува до земјотресите, не стравувајте. Со исклучок на неколку стари градби (цркви, приватни куќи итн.), сите други објекти на островот се сеизмички испитани и се прогласени за безбедни.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -