Непроценливи совети на еден 105 – годишен јапонски лекар

Самиот д-р Шигеаки Хинохара е брилијантна потврда на сопствените правила за здравје и долговечност.

Тој изгледа многу помлад за своите 105 години, а неговата тежина од 60 кг е непроменета откако имал 30 години. Смета дека и ја должи долговечноста пред сè на храната.

Д-р Шигеаки Хинохара е најстариот лекар во Јапонија, но и во светот. Тој е претседател на советот на доверители во болницата Сент Лук во Токио, предава за правилна исхрана во целата земја и е постојано зафатен.

Секогаш подготвен да се обиде да проучи нови работи, Д-р Хинохара издал околу 150 книги по 75-тиот роденден, од кои една – “Living Long, Living Good” – е продадена во 1,2 милиони копии.

Тој ги поттикнува луѓето да живеат долг и среќен живот, а самиот тој е најдобар пример.

Ѕирнете во неговите принципи:

Енергијата доаѓа од тоа да се чувствуваме добро, а не да јадеме и да спиеме многу. Сите помниме дека како деца сме имале толку возбудувања што често сме заборавале на сонот и храната. Мислам дека и возрасните треба да живеат така – не се потребни строги правила за вечерата и часовите наменети за спиење.

Сите долголетници, независно од својата раса, пол или националност, имаат едно нешто заедничко – тие не се со прекумерна тежина.

Храната е најважна. За појадок јас пијам чаша овошен сок со една лажица маслиново масло или чаша млеко со малку леќа во прав и една банана. Маслиновото масло е многу корисно за артериите и за кожата. На ручек јадам малку млеко со 2-3 бисквити или пак ништо, ако сум многу зафатен. Никогаш не чувствувам глад, кога сум фокусиран во работата. За вечера јадам овошје, малку риба со ориз, а два пати неделно – 90 грама мрсна месо.

Бидете зафатени и гледајте напред. Мојот распоред за предавања и мојата вообичаена работа во болницата е исполнета за една година напред. За во 2020 година сметам дека ќе се забавувам на Олимписките игри во Токио. Воопшто не треба да се пензионирате, но ако многу сакате – во никој случај не порано од 65-годишна возраст.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Спротивно на популарното верување, лекарите не можат да лекуваат сè.  Јас верувам дека животните и терапијата со музика можат да направат повеќе отколку што можат да замислат лекарите.

n36112-630x325

Ако сакате да бидете здрави, користете ги скалите и самите носете го багажот. Јас скокам по  две скалила за да ги одржувам мускулите во форма. Секој ден се обидувам да изминам од 2000 до 2500 чекори со бавно темпо, бидејќи си помагам со бастун.

Болката е мистериозно нешто. Најдобар начин да заборавиш за неа е да се забавуваш.

Не се грижете премногу за материјалните нешта. Не заборавајте дека кога ќе дојде смртта, нема да земете ништо со себе.

Науката сама по себе не ги лекува луѓето. Таа не третира сите подеднакво, но болестите се индивидуални. Секој човек е уникатен и болестите се поврзани со неговото срце. За да ги познаваме болестите и да ги лекуваме, имаме потреба од многу широко разбирање на нештата, не само од медицината.

tatko1-650x325

Најдете херој и обидете се да бидете уште подобри. Мој херој беше мојот татко. И сега, кога сум во сложена ситуација, јас се прашувам како би постапил тој.

Животот е полн со инциденти и можности. Се сеќавам, во март 1970 година, кога имав 59 години,  едно прекрасно сончево утро патував од Токио до Фукуока. Авионот беше киднапиран од фракција на јапонската комунистичка лига. Тогаш требаше да ги поминам следните 4 дена на седиштето, на 40-степени жештина. И како лекар, гледав на ситуацијата како експеримент. Беше неверојатно да познаам како организмот се забавува во кризна ситуација.

Прекрасно е да имаш долг живот. Првите 60 години работиме за семејството и за постигнување на своите цели. А потоа треба да ги насочиме напорите во корист на општеството. Од 65 години јас работам како волонтер. И до ден денешен можам да работам по 18 часа секој ден од седмицата. И се насладувам на секоја минута.

- Реклама -