Над 200 до 240 тони пченица се украдени од парцели во сопственост на Земјоделскиот комбинат Пелагонија, во периодот помеѓу 27 јули и 13 август годинава. Случајот на 13-ти месецов бил пријавен во СВР Битола од каде велат дека кражбите се случиле во атарот на работната единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач.
Лицата кои ја извршиле кражбата засега се непознати, а според пријавеното, со кражбата била причинета материјална штета од околу 50.000 евра.
За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.