Околу три месеци пред да почине , 17-годишниот Сем Бернс одржа говор во кој го објаснува неговото несогласување со пречките и неговата стратегија за надминување на истите.
Кога имал само две години, Сем бил дијагностициран со ретката болсет Прогерија, која предизвикува брзо стареење и разни други несакани ефекти, од кои ниту една не го спречиле Сем да живее среќен живот.
„Без разлика на вашите пречки, живејте среќен живот“, вели Сем Бернс.
Оригиналното видео, направено од TEDx, е само едно од многуте работи кои Сем ги направил во неговите многубројни напори да го направи светот подобро место за живеење. Неговата ведрина е заразна и воодушевува. Погледнете која е неговата филозофија за среќен живот: