Ако размислуваме за градскиот транспорт во наредните неколку години неизбежна е потребата за напредно компактно возило. NEOS е возило кое не само што е компактно, туку ќе содржи голем број безбедносни елементи како странични воздушни перничиња за возачот и воздушно перниче за патникот во приколката.
Концептот NEOS, дизајниран од Даниел Мунинк, е затворен мотоцикл со три тркала – трицикл – со модуларна приколка. Возилото, чија шасија е направена од јаглеродни влакна, е опремено со напредна технологија како GPS, дисплеј осетлив на допир, камери кои ги елиминираат слепите точки, приклучок за мобилен итн.
NEOS е опремен со трофазен индукционен мотор кој функционира на променлива струја и со литиумска батерија која му овозможува на трициклот да помине 260 километри со едно полнење. Возилото е дизајнирано за двајца, и е флексибилно бидејќи приколката може да се отстрани. Според дизајнерот возилото се управува со џојстик што дополнително го нагласува футуристичкиот дизајн.