Неонацистот што дозна дека е Евреин и се пресели во Израел

segedi_canad[1]

34-годишниот Чанад Сегеди некогаш беше истакнат лик меѓу унгарските неонацисти, а заслужен е и за формирањето на „Унгарската стража“, чии членови парадираа во црни униформи како оние кои ги носеа нацистичките власти во Унгарија за време на Втората светска војна… Нашироко беше познат по своите екстремни антисемитистички ставови…

Сé додека пред четири години не дозна дека има еврејски корени, и дека неговата баба го преживеала Холокаустот. Вели дека бил апсолутно шокиран од сознанието, и дека тогаш прв пат сам себе си си признал дека Холокаустот навистина се случил (да, има многу што го негираат како измислица/преувеличување).

Не многу подоцна, Сегеди ги отфрла десничарските идеи и го прифаќа јудаизмот, а своето име го менува во Давид. Сега редовно оди во синагога и јаде кошер храна.

„По трагедијата која ја преживејаа моите претци, моето семејство и јас сакаме да бидеме дел од позитивниот сон, што за нас го претставува Израел“, изјави Чанад… овај Давид.

Иронии колку сакаш…

- Реклама -