Ви се верува ли дека во средината на оваа неодоливо слатка крзнена топка се крие зајак?
Ангорските зајаци се многу барани и посакувани миленици, често одгледувани во затвореништво, поради нивното неверојатно густо и меко крзно. Волната добиена од нив се користи за изработка на висококвалитетни џемпери и палта.
Нивните влакна растат толку волуминозни и долги, што можат да го обвиткаат целото тело, а единствено што ги издава е малата муцка што се провлекува низ нив.
Овие зајчиња се многу кротки и во најголем дел од времето се навидум неподвижни, речиси како кукли – уште еден дополнителен фактор што ги прави неодоливо привлечни за галење и, претпоставуваме, супер-ефективни против стресот или било какви останати негативни емоции.
Кој не би сакал една ваква супер-слатка топка да му потскокнува низ домот?
За полегитимни одговори, погледнете како изгледа една потшишана верзија на овие мили животни: