Неочекувани промени во СДСМ: Извршниот одбор единствено поднесе оставка

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, по иницијатива на претседателот д-р Венко Филипче, целото раководство одлучи колективно да поднесе оставка. Во овој потег, замениците, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор се повлекоа од своите позиции. Оставките се предадени до Централниот одбор и до претседателот Филипче, кој раководи со процесот на длабоки внатрепартиски реформи.

Во соопштението се нагласува дека овој чекор се смета за „одговорен и морален“, со кој раководството отвора простор за „нова сила, нова енергија и ново поглавје“ на СДСМ. Партијата најавува период на освежување, реорганизација и мобилизација, со цел да вклучи нови лица во највисоките структури. На една од следните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи нов состав на партиските органи.

Прочитајте и:  Техеран: 38 жртви и над 400 повредени во најновите американски напади врз Иран

Од СДСМ истакнуваат дека на сите функции ќе бидат избрани „најкомпетентните личности“. Со ова, партијата иницира најзначајна реконструкција на раководството во последната деценија – процес кој ќе ја определува идната стратегија и позиција на СДСМ на политичката сцена.