Eкспертите велат дека е потребно чистење и по спиењето, особено доколку имате проблеми со кожата. Проблематичната кожа не треба често да ја третирате со пилинзи и агресивни третмани.
Пубертетската доба помина одамна, а вие и понатаму имате проблем со акните на лицето?
Погледнете четири причини за враќање на акните во повозрасните години:
1. Огледалце, огледалце
Дерматолозите велат дела луѓето често имаат проблеми со кожата поради – премногу гледање во огледало. Долготрајното проучување на кожата доведува дп забележување на нови „недостатоци“, а со самото тоа и жечба за „копање“ со што само ги разнесувате бактериите по лицето и ги зголемувате воспалените процеси.
2. Шалови, очила, мобилни
Дали вам ви се појавуваат акни само на еден дел од лицето? Размислете за нешата кои често ги допирате до тој дел. Шаловите, очилата за сонце и мобилните телефони секогаш мораат да бидат совршео чисти.
3. Претерана употреба на пилинг
Спротивно на мислењето – проблематичната кожа не треба премногу често да ја третирате со пилинзи и агресивни третмани. Поради премногу честото отстранување на мртви клетки, доаѓа до иритирање и оштетување на кожата која потоа не може да функционира нормално па настанува нов процес. Два пати во седмицата е повеќе од доволно.
4. Наутро се миете само со вода
Голем број жени навечер темелно го мијат лицето, а наутро го поминуваат само со вода, но експертите велат дека е потребно чистење и по спиењето, особено ако имате проблеми со кожата. Наутро на кожата се наоѓаат остатоци од производите што сте ги нанеле вечерта, но и маста што ја произвела вашата кожа па пожелно е да ја исчистите барем со лосион.
5. Брза храна
Се согласуваме дека ова не е изненадување, но многу жени сепак го игнорираат фактот дека пржената и масната храна влијае на изгледот на нивната кожа. Доколку сакате убав тен, хамбургерите и помфритот заменете ги со овошје и зеленчук.