Во падините на прекрасната планина Монсанто во Португалија, се наоѓа истоименото камено селце, кое плени со неговата необичност и автентичност. Селото е познато и поради неговата древна историја и уникатна култура и традиција, и малку е да се каже дека изгледа како да е извадено од некаква сликовница. Областа била населена од младото камено време, а селото започнало да го добива својот лик во 12 век. Градбите изрезбани во големите карпи се само дел од несекојдневните карактеристики на ова волшебно селце.